Пирло сака да биде тренер

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изјави дека е заинтригиран од можноста да раководи со фудбалски клуб, а исто така ги посочи своите фаворити за трофејот во Лигата на шампионите во оваа кампања.
– Посетував курс летово, но сега морам да полагам испити за да добијам сертификат. Да бидам тренер е идеја што многу ми се допаѓа. Се уште не знам што ќе правам, но ќе решам. Ако станам тренер, јас едноставно ќе го сторам тоа за да работам најдобро што можам. Гатузо се справува одлично во Милан и ова може да се види на теренот. Сите играчи го поддржуваат. Во Серија А, сепак Јувентус е два чекора пред сите, изјави Пирло за „Скај Спорт Италија“.