Пипа Мидлтон бремена со првото дете

Англија– Пипа Мидлтон, помладата сестра на Војвотката на Кембриџ – Кејт, е бремена со своето прво дете, вели „Сан“, цитиран од Ројтерс.

Триесет и четиригодишната Пипа Мидлтон стана популарна кога таа беше избрана за кума на свадбата на својата сестра со принцот Вилијам во 2011 година.

Бебето на Мидлтон и нејзиниот сопруг, финансиерот Џејмс Метјуз, се очекува во октомври. Двојката се венча лани.

Кејт Мидлтон пак се очекува овој месец да го роди своето трето дете, потсетува весникот.