Пинк и Џастин Тимберлејк ќе пеат на Супербоулот

САД- Поп-ѕвездата Пинк ќе ја изврши националната химна пред почетокот на „Супербоул“ на 4. февруари, објави Асошиејтед прес.Ѕвездата беше поканета да пее на стадионот во Минеаполис.На паузата на полувремето ќе пее Џастин Тимберлејк, кој ќе биде „хедлајнер“ на програмата.

Пинк го издаде својот седми студиски албум „Beautiful Trauma“ во октомври минатата година, а водечкиот сингл на албумит „What About Us“ беше номиниран за „Греми“ наградата овој месец.

„Супербоулот“ е најгледан спортски настан во светот, со најскапи реклами во паузите. Изборот на пејачи на „Супеболулот“ се смета за престиж во музичката индустрија.