Пилотот на авионот со фудбалерот на Кардиф побарал итно слетување пред да исчезне

Малиот приватен авион со новиот фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала побарал итно слетување пред да исчезне од радарот.

Дел од британските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, објавија дека пилотот на авионот кој вчеравечер летал на релација Нант – Кардиф побарал итно слетување на аеродромот Гернси непосредно пред да исчезне.

Во информацијата се вели дека во моментот на барањето з аитно слетување, авионот бил на надморска височина од 1.500 метри над Ла Манш, а од радарските екрани исчезнал на надморска височина од 700 метри.

Француски и британски се во потрага по авионот, но засега операцијата е без успех.

За потсетување, 28-годишниот аргентински фудбалер Сала се согласи на трансфер од Нант во Кардиф за 20 милиони евра.