Пет рудари загинаа во рудник во Чешка

Најмалку петмина рудари загинаа, а 10 се повредени во експлозија на метан во рудник во североисточниот дел на Чешка, соопшти портпаролот на компанијата која управува со рудникот Иво Целеховски.

Уште осум лица се водат како исчезнато, додаде тој.

Спасувачки тимови трагаат по исчезнатите рудари.

Експлозијата се случила во дел од рудникот кој се наоѓа на околу 800 метри под земја.