Пет можни противници за Шкендија за стартот на квалификациите во Лигата на шампионите

Актуелниот македонски шампион Шкендија, утре ќе го дознае противникот за почетокот од квалификациите во Лигата на шампионите.

УЕФА во пресрет на жрепката денеска ги скрати листите на потенцијални противници и тетовскиот клуб за ривал ќе добие еден од следните тимови: АПОЕЛ (Кипар), Шериф (Молдавија), Њу Сејнтс (Велс), Карабах (Азербејџан) и Видеотон (Унгарија).

Ждрепката ќе се одржи утре во 12 часот во Нион.