Ди Каприо ќе глуми во новиот филм на Скорсезе

САД– Леонардо Ди Каприо и Мартин Скорсезе и официјално повторно ќе соработуваат. „Императив ентертејнмент“ го ангажира Скорсезе да го режира, а ДиКаприо да глуми во адаптацијата на филмот „Убијци на цветната месечина”, најпродаваната книга на „Њујорк тајмс“ од авторот Дејвид Гран.

„Императив ентертејнмент“ ги стекнала правата на книгата во 2016 година. Ди Каприо и Скорсезе брзо изразија интерес за проектот и беа неофицијално предложени за соработка уште од 2016 година.Ерик Рот го пишува сценариото. „Кога ја читав книгата на Дејвид Гран, веднаш почнав да го замислувам филмот – ​​луѓето, сетовите, акцијата – и знаев дека морам да ја екранизирам оваа книга”, рече Скорсезе. „Многу сум возбуден што ќе работам со Ерик Рот и повторно ќе се обединеме со Лео Ди Каприо за да ја пренесеме оваа навистина вознемирувачка американска приказна на филмското платно“.
Приказната е поставена во Оклахома во 1920 година и се случува во околијата Осаж и населението, кои беа најбогати луѓе по глава на жител во светот, откако беше откриена нафта под нивната земја, а потоа тие беа убиени еден по еден. Како што бројот на жртвите се зголемувал, новосоздадената ФБИ го презеде случајот и откри застрашувачки заговор и едно од најмонструозните злосторства во американската историја.

Директорите на „Императив ентертејнмент“ се запознале со населението во Осаж и тимот разгледува локации во наредните месеци со продукција закажана да започне во текот на летото 2019 година.

Овој проект ќе биде петтиот филм на кој Ди Каприо и Скорсезе работеле заедно.Претходно се здружија во филмот „Волкот од Волстрит”, кој беше и номиниран за Оскар. Ди Каприо во моментов го снима филмот “„Си било некогаш во Холивуд” на Квентин Тарантино, а Скорсезе е во пост -продукција на неговата мафијашка драма за „Нетфликс“, наречена „Ирецот”.