Петковски единствен кандидат за лидер на Конгресот на НСДП

Досегашниот претседател на НСДП Тито Петковски останал единствен кандидат за уште еден мандат на чело на партијата. Според информациите, неговата кандидатура е утврдена на денешната седница на Централниот одбор на НСДП. Претендент за претседател на НСДП бил и поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски, но тој ја повлекол кандидатурата.

Петковски ја формираше НСДП пред парламентарните избори во 2006 година, кога тој излезе од СДСМ и оттогаш ја предводи новата партија.  По изборите, НСДП влезе во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2008 година партијата на Петковски е коалициски партнер на сега владејачкиот СДСМ.

На 13 мај во Скопје, НСДП ќе го одржи четвртиот конгрес, кога треба да се изберат и нови членови на Централниот и на Надзорниот одбор на партијата.