Пенс: Осакатени капацитетите за хемиско оружје на Сирија

Лима – Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија ги „деградираа и осакатија“ капацитетите за хемиско оружје на таа земја.

На маргините на Панамериканскиот самит во Перу, Пенс го информираше канадскиот премиер Џастин Трудо дека Доналд Трамп „му покажал на светот дека САД нема да толерираат хемиско оружје“.

– САД се подготвени да ги задржаат таквите напори, ако биде неопходно, посочи Пенс, додавајќи оти се надева дека Русија и Иран засекогаш ќе се откажат од хемиско оружје против невини цивили.

Трудо истакна дека воздушните напади биле „несреќни, но неопходни“.