Пауза во Хаг, на Младиќ не му е добро

Речиси еден час трае паузата во Судот за воени злосторства во Хаг, каде во тек е изрекувањето на пресудата на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. Иако беа најавени пет минути одмор, бидејќи Младиќ побара да оди во тоалет, медиумите од регионот дознаваат дека нему, всушност, не му било добро, па во моментов му се вршат лекарски прегледи. Неговите адвокати побараа прекин на судењето, бидејќи, наводно, имал висок крвен притисок. Судијата Алфонс Орие го одби ова барање. Претходно, Орие рече дека Советот утврдил оти во Сребреница бил извршен геноцид, како и бројни злосторствата извршени од страна на војниците на Младиќ.

Околу 10 часот, Младиќ влезе насмеан во судницата.