Патувањето во Грција од денеска поскапо за 110 денари со автомобил

Патувањето во Грција од денеска е поскапо за 1,8 евра или 110 денари. Ова е сумата што треба да се издвои за автомобил по влез на грчка територија кај граничниот премин „Евзони“.

Причина е новата патарина што почна да функционира од денеска непосредно по влегување кај јужниот сосед. Износот што се наплаќа за автобуси и тешки товарни возила е поголем.