Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ
Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ.
– Му благодариме на Бога што ни подари човек кој лавовски се бори за српскиот народ, и посебно за маченичкото и страдално Косово и Метохија, изјави патријархот Иринеј.
Тој додаде дека се надева и му се моли на Господ да му даде на Вучиќ „сила и моќ да се спротистави на ветровите на нашето време“.
Митрополитот на црногорско-приморската епархија на СПЦ -Амфилохије за црногорски медиуми изјави пред два дена дека „…се плаши дека политиката на Александар Вучиќ води кон предавство на Србија и на Косово….“ и дека „Апелот за одбрана на Косово и Метохија“ – чиј потписник е и самиот тој, е напишан „..поради недовербата и комбинациите кои се прават“.
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека до недела кога е „Стара Нова година“, нема да ги коментира изјавите на Амфилохије.
С