Патнички авион побрз од звукот со „мала“ помош од природата

Летот на „Вирџинија Атлантик“ од Лос Анџелес до Лондон достигна неверојатни 1.289 километри на час, со „мала“ помош од мајката на природата.

„Боингот 787-9“ летал над Пенсилванија кога на надморска височина од 11 километри налетал на воздушниот струја која го забрзала до неверојатни 1.289 километри на час.

Ова е чудо затоа што вообичаената брзина на летање на наведениот авион е околу 900 километри на час.

Благодарение на природниот „турборежим“, авионот во Лондон пристигна 48 минути порано.