Парфемски „Оскар“: Мирисот на Ева Мендез е најубав според читателите

Мирисот „Eve Duet“ на Авон ја освои наградата “Избор на читателите” во соработка со магазинот Elle UK, а истата беше доделена од страна на Фондацијата за мириси на Велика Британија. Познати како “Оскарите” во индустријата за мириси, овие награди ги препознаваат најдобрите парфеми на пазарот.

“Кога го креиравме Eve Duet, нашата главна цел беше да ги искажеме и рефлектираме расположенијата и чувствата на модерната жена преку мирис. Добивањето на наградата “Избор на читателите” е доказ дека нашите напори вродиле со плод, особено во категорија која вклучува брендови како Шанел, Гучи и Диор“, велат од американската компанија за козметика.

Како ко-креација во соработка со извонредниот парфимерист Жан-Марк Шаилен и со актерката Ева Мендез како заштитно лице, Eve Duet стана еден од најпрепознатливите мирисни трендови на 2017 година – трендот на мешање и нанесување на мириси во слоеви.

„Eve Duet“ беше лансиран во Македонија на почетокот на месец октомври лани.