Партијата на Села ќе го поддржи референдумот

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовниот разговори на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември.
„Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. Но доколку не се согласат на тоа, кампањата ќе ја водиме одделно“, истакна Села.