Парондо: Барселона е посилна од минатата година

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо очекува многу тежок дуел со шпанскиот гигант Барселона која заедно со „црвено-црните“ се на делба на првата позиција на табелата во Лигата на шампионите

Играме со многу тежок противник. Можам да кажам дека Барселона игра подобро од минатат сезона и ќе ни треба многу напор да стигнеме до поволен резултат. А до него можеме да дојдеме и со помош на нашите верни навивачи кои ќе ги исполнат трибините. Барселона има големи амбиции и секогаш се стреми кон завршниот Ф4 турнир. Ние сме подготвени, а како ќе функционираме на теренот ќе видиме в недела, рече Парондо на денешната прес-конференција.

Капитенот Стојанче Стоилов ја препушта фаворитската улога на шпанскиот тим.

И пред почетокот на натпреварите тие беа фаворити и во групата за трофејот. Сепак нема предавање. Сме ги победувале порано и се надевам на добар резултат. За тоа колку сме мотивирани не треба да се зборува. Знаат дека ќе биде пеколна атмосферата. Одиме да одиграме храбро и пожртвувано па ќе видиме каков ќе биде резултат, вели Стоилов.

Почетокот на неделниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ е во 17 часот.