Пакистанската армија урна два индиски авиони

Пакстанските Вооружени сили соопштија дека собориле два индиски воени авиони, за кои се тврди дека навлегле во воздушниот простор на Пакистан.

– Пакистанското Воено воздухопловство урна два индиски авиони, што се наоѓа во воздушниот простор на Пакистан, објави на Твитер армискиот портпарол генерал Арид Гафур.

Според него, едниот од авионите паднал во пакистанскиот дел на Кашмир, а вториот се урнал на индиска територија,

Гафур додаде дека еден од пилотите успеал навреме да се катапултира од авионот, по што по спуштањето на земјата бил заробен од пакистански војници.