Хороскоп: Што ви покажуваат ѕвездите за денешниот ден

ОВЕН: Засега вашето однесување мора да е претпазливо, љубезно и пријателско – внимателно разгледајте ја својата ситуација. Изразете го својот респект кон претпоставените и тоа многу ќе ви помогне. Убава случка која ќе ве израдува – не флертувајте, бидејќи сега не е време за тоа.

БИК: Денес се соочувате со контрадикторни случувања, па ќе треба да внимавате – дилеми или тензија по неочекувана кавга, а која ќе ја решите успешно. Бидете трпеливи и среќата повторно ќе ви се врати. Добро е да се посветите на истражувачка работа која ќе го потроши овој немир.

БЛИЗНАЦИ: Имајте предвид дека колку што повеќе се вложувате и форсирате, толку полоши резултати ќе добиете – најдобро е да се посветите на истражување и проучување, бидејќи тука ќе најдете мир. Многу веројатно е дека ќе добиете помош од пријателите и нивна поддршка. Штедете.

РАК: Иако сега сте во водечка позиција, на некои луѓе не им е драго поради вашиот успех. Го губите своето внимание на неважни детали и бегате во својата работа, по цена да го изгубите својот духовен мир – не повторувајте ги старите грешки и не одбивајте да научите нови вештини.

ЛАВ: Викендов сте задоволни од постигнатото, во романсата, пријателствата и другите области – ги постигнувате вашите најдлабоки желби и уживате во убави и сензуални задоволства. Ќе бидете исполнети со радост, изобилие и ќе зрачите со среќа и духовен мир кон сите наоколу.

ДЕВИЦА: Што и да започнете денес, нема да донесе никакви резултати – засега е најдобро да се повлечете од преголемиот стрес кој веќе се претвора во трајна рутина. Размислувајте за своите идни планови и водете поповлечен и регулиран живот во следните три месеци. Бидете трпеливи.

ВАГА: Би можеле да се соочите со некаков срам сега – трикови, демагогија и умешна измама. Доколку се однесувате умерено и воздржано, ќе загосподарите со ситуацијата. Не грижете се премногу, наскоро сѐ ќе се смени кон подобро. Не одбивајте ја понудената помош. Штедете.

СКОРПИЈА: Сега сте пред шанса да добиете сѐ за што сонувавте – сепак внимавајте да не ги навредите пријателите со своето надмено однесување и немојте да мамите. Не претерувајте во храната, пијалаците, како и во физичките уживања – тоа е плитка замена за она што ви треба.

СТРЕЛЕЦ: Иако најлошото веќе помина, сепак останаа некои тешкотии – учествувајте во заедничките цели, бидејќи во соработка со другите ќе дојдете до саканиот успех. Бидете вистинољубиви и не занемарувајте ги своите должности. Во љубовта ви е потребно разбирање.

ЈАРЕЦ: Се чувствувате целосно заплеткани, а тоа ви прави нервоза – имајте предвид дека тешкотиите не се толку сериозни. Наскоро ќе успеете да се справите со нив, ако работите посветено и со доверба. Ова е важен период за вас во кој ве очекуваат судбински пресврти.

ВОДОЛИЈА: Иако однадвор сѐ изгледа дека е во ред, сепак не е – сите услови се поволни во моментов, но тоа може да доведе до ноншалантност која може да ја упропасти вашата работа. Во креативните активности и посредување, очекувајте успех. Слушајте што ви говорат другите.

РИБИ: Овој викенд ќе бидете разумни и со голема логика ќе донесете заклучоци – сега не е лесно да ве измамат, бидејќи точно гледате што се случува и ги гледате двете спротивставени страни еднакво. Ќе бидете смирени, директни и остроумни дури и во најтешките ситуации.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com