И ДУИ го разгледува предлогот за гувернер

Го разгледуваме новиот предлог за гувернер, одговараат кусо од пратеничката група на ДУИ, откако претседателот Ѓорге Иванов излезе со нов кандидат за челното место во НБРМ.

За разлика од претходниот предлог – за реизбор на Димитар Богов, на што ДУИ отворено се спротиставуваше, овој пат од партијата на Али Ахмети велат само дека го разгледуваат предлогот Анита Ангеловска Бежоска да биде избрана за гувернер.

Од пратеничката група на СДСМ, пак, велат дека со коалицијата во понеделник на координација ќе го разгледа предлогот на претседателот.

„Во изминатите неколку седмици се надевавме дека ќе се изнајде решение меѓу претседателот Иванов кој го има правото да предлага гувернер на НБРМ и парламентот, кој го избира гувернерот со мнозинство гласови од пратениците. Станува збор за исклучително значајна позиција во  Македонија, поради што личноста што ќе застане на чело на НБРМ мора да произлезе преку здрав и аргументиран дијалог помеѓу највисоките државни функционери, за да се дојде до заедничко прифатливо решение за гувернер. На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантиранезависноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата, и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Македонија“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев.

Тој нагласува дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата позитивно гледа на новиот предлог  на претседателот Иванов.

„Лично сметам дека г-ѓа Ангеловска Бежовска, која е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата

поддршка. Само да потсетам дека не така одамна, лани летото, ние како пратеничка група го искажавме нашиот афирмативен став и ја дадовме нашата поддршка за Бежоска, кога го поддржавме и гласавме за нејзиниот реизбор за вицегувернерка на НБРМ. Имајќи ја предвид нејзината импозантна биографија, богатото искуство и  нејзините професионални постигнувања, јас воопшто не се сомневам дека

генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет – дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврден на

претстојната координативна средба на пратеничката група“, вели Тунтев.

Гувернерот треба да биде избран со најамлку 61 глас во парламентот, а фуницијата на актуелниот носител на оваа функција истекува во понеделник.