Откриено од што почина Лагерфелд

Еден од највлијателните имиња во модната индустрија Карл Лагерфелд почина вчера на возраст од 86 години, а денеска е објавено што е причина за смртта.
Како што пренесоа светските медиуми Лагерфелд починал од рак на панкреасот, болест која некое време го мачела дизајнерот.
Дејли меил пренесе дека Карл никогаш не зборувал за својата болест, како и дека со неа се борел „лавовски и во тишина“.
Се занимавал со спорт, се хранел здраво, а веста дека боледува од вој вид рак за него бил огромен шок, откри извор близок до Лагерфелд.
Заради болеста тој пропушти две ревии во париз минатиот месец,а од модната куќа „Шанел“ соопштија само дека тој се чувствувал уморно.