Откажан концертот на Шон Пол!

Организаторите со жалење само на неколку часа пред одржувањето на коцнертот на популарниот хип-хоп артист Шон Пол, сооптиија дека тој нема да се одржи.

Причините, велат, дека биле технички и Шон Пол не можел да пристигне во Скопје.

„Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини денес беше спречен да се качи на закажаниот лет од Лондон. Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концертот да се помести за утре (24 август) не успеавме да најдеме решение, затоа новиот датум ќе биде соопштен дополнително“, велат од Фјужн продукција.

Сите оние кои купиле влезници истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе бидат соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата на продажното место од каде го набавиле билетот.