Откажано шоуто на Розен Бар по расистичка објава на Твитер

САД – Еј-Би-Си го откажа популарното шоу  „Розен“ на актерката Розен Бар, откако таа, коментирајќи на Твитер, ја навреди Валери Џерет – една од најблиските соработнички на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Актерка која е позната по своите контроверзни коментари напиша дека Џерет изгледа како да е потомок на Муслиманското братство и „Планетата на мајмуните“. Овој коментар беше оценет како расистички, имајќи предвид дека Џерет е полу-Афроамериканка.

– Изјавата на Розен е гнасна, одвратна и не е во согласност со нашите принципи. Затоа одлучивме да го прекинеме нејзиното шоу, изјави шефот на Еј-би-си Ентертејнмент, Ченинг Данги.

Бар инаку е и јавна поддржувачка на Доналд Трамп. Нејзиното шоу беше популарно во доцните 1980-ти и 1990-ите години, а неодамна беше обновено од страна на Еј-Би-Си.