Отворен мост од 55 км што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина

Кина– Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.

Мостот е долг 55 килеометри, а трошоците за негова изградба беа околу 20 милијарди долари. Дел од таа сообраќајница оди низ тунел под морето, со што и на бродови им се овозможува непречено минување низ делтата на Бисерната река, срце на кинескиот производствен сектор.

Со отворањето на тој мост, што има големо економско и политичко значење, времето на патување преку делтата на Бисерната река од неколку часа се сведува на само 30 минути. Тој мост претставува и физичка врска со Хонг Конг, финансиски центар на Азија над кој Кина од Британија презеде контрола во 1997 година.