Отворена најголемата библиотека со 1.2 милиони книги

Во Кина отворена е библиотека со неверојатни 1,2 милиони книги.

Оваа зграда изгледа неверојатно со сферичниот аудиториум во самиот центар на библиотеката која потсетува на големо око.

Таа се наоѓа во Бинхаи областа во Тианјин и има пет ката.

Дизајнирана е од холандксата дизајнерска компанија MVRDV. Зградата има 34.000 квадратни метри и градена е четири години.

Библиотеката поседува простор за читање на приземје, простории за одмор на средно ниво, канцеларии, сали за состаноци и компјутерски/аудио соби на врвот на зградата.