Осум фудбалери пред напуштање на Барса во текот на летото

Осум играчи или околу една третина од тимот на Барселона можат да го напуштат тимот ова лето. Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде веќе една година е на чело на тимот и добро знае кој треба да игра, а кој не.

Ветеранот Андрес Иниеста се очекува да биде првиот што ќе замине, откако се тврди дека за него има понуда од кинески клуб, која тој веќе ја прифатил. Иниеста е единствениот носител од осумте играчи, кои треба да заминат од „Камп Ноу“.

Следат тројца дефанзивци – Семедо, Дин и Мина, откако првите двајца се покажаа како целосни разочарувања, а Колумбиецот најверојатно ќе биде изнајмен, за да се здобие со искуство во европскиот фудбал.

„Чистката“ продолжува со играчи од средниот ред – Денис Суарез и Андре Гомез, кои се цврсти резерви за сезоната и, уште поважно, неубедливи кога се појавуваат на теренот.

Слични се и случаите на крилото Алеиш Видал и напаѓачот Пако Алкасер, кои веќе втора сезона добиваат шанси само од клупата.

Според „Трансфермаркет“, Барса може да се надева на околу 100 милиони за сите играчи, не вклучувајќи го Иниеста, кој веројатно ќе си замине без пари.