Осум автобуски линии ќе возат по друга траса од вообичаената во Бутел

Поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, од денеска автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената, информираат од ЈСП.

Возилата од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам“, потоа десно по улица „Кемал Сејфула“, а оттаму секој по својата утврдена траса.

Се очекува времениот режим на сообраќање да трае седум дена, се наведува во соопштението од ЈСП.