Осумгодишно момче од Србија тешко повредено во сообраќајка во Чаир

Осумгодишно дете од Република Србија е тешко повредено синоќа во сообраќајна несреќа на крстосница во Чаир откако во него удрило возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, Скопско.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 22.30 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.