Осомничени двајца за пишување графити со говор на омраза во Битола

СВР-Битола денеска соопшти дека осомничени се две лица за кои се смета дека напишале непристоен графит на фасада на битолски Широк сокак.

Во врска со настанот, кога во Битола на улицата Широк сокак на фасадата од зграда беа испишани графити со говор на омраза на македонски и на албански јазик, СВР-Битола, Одделение за Криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, го расветли настанот и повикани се две лица од Битола.

– Едното лице е малолетно, а другото е на возраст од 19 години. Со нив е извршен разговор. По целосно документирање на настанот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР-Битола.