Оскар за најдобар филм доби „Зелена книга“, најдобри актери Оливиа Колман и Рами Малек

Доделувањето на најпрестижната награда во светот на филмот, Оскар, синоќа се одржа во Холивуд, а во величествената ноќ, наградата за најдобар филм доделена е на „Зелена книга“ на режисерот Питер Фарели.
Оскарот за најдобар актер го доби Рами Малек за улогата во филмот „Боемска рапсодија“
„Им благодарам на сите што веруваа во мене. Мајка ми е тука некаде, а татко ми не можеше да ме види во филмот, мислам дека ме гледа некаде одозгора. Им благодарам на сите кои ми пружија шанса. Моите родители емигрираа од Египет и јас сум прва генерација која дојде во Америка. Се восхитувам на се што Фреди помина и ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од вашето наследство“, рече Малек низ солзи.
Оливиа Колман за улогата во филмот „Миленичка“ е прогласена за најдобра актерка.
„Ова е многу стресно и смешно. Добив Оскар“, рече таа која не успеа да ги задржи солзите радосници.
Алфонсо Куарон за филмот „Ром“ е награден со Оскар за најдобра режија. Освен тоа, Оскар доби и во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, како и во категоријата за најдобра филмска фотографија.
Оскар за најдобар спореден актер доби Маршал Али за улога во филмот „Зелена книга“.
„И се заблагодарувам на баба ми, затоа што без неа не би била овде. Ме научи на се во животот да гледам позитивно“, рече Али.
Регина Кинг за улогата во фолмот „If Beale Street Could Talk” доби Оскар за најдобра споредна актерка.
„Нереално е да се стои овде“, рече таа низ солзи.
Лејди Гага доби Оскар за песната „Shallow” која во филмот „Ѕвездата е родена“ ја изведува со Бредли Купер, а и таа заплака при примањето на наградата.
„Борете се за своите соништа. Не е важно колку пати сте паднале или колку пати ве одбиле, туку колку пати сте станале на нозе“, порача Лејди Гага.
Режисерот Спајк Ли за остварувањето “BlacK Klansman” доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио.
Оксар за најдобар документарен филм освои “Free Solo” чии режисери се Елизабет Чаи Васарели и Џим Чин. За најдобар краткометражен документарен филм прогласен е  “Period. End of Sentence”.
Тимот кој беше задолжен за трансформацијата на Кристијан Бејл во поранешниот американски потпретседател Дик Чејни освои оскар за најдобра шминка и фризура.
Во категоријата најдобар костим Оскар освои филмот “Црна пантер”, која доби и Оскар за најдобра сценографија.
Филмот „Боемска рапсодија“ награден е со оскар за најдобра монтажа на звук и најдобар звук.
Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм доби „Спајдермен: Нов свет“, додека оскар за најдобар краткометражен анимиран филм доби „Бао“.
Во категоријата најдобри визуелни ефекти Оскар доби филмот „Прв човек“ во кој главната улога ја игра Рајан Гослинг.
Свечената церемонија на доделувањето на оскарите помина вез водител, а меѓу презентерите се најдоа Вупи Голдберг, Гери Олдман, Фарел Вилијамс, Барбара Стрејсенд, Хелен Мирен, Џенифер Лопез, Даниел Крег.