Осака е новата шампионка на Австралија опен

Јапонката Наоми Осака е новата шампионка на Австралија Опен и новата лидерка на светската ВТА листа.

Јапонката, која е четврта носителка на првиот Гренд-слем турнир за годинава, победи со 7:6 (2), 5:7, 6:4 против чешката тенисерка Петра Квитова (бр.8 во шемата) во возбудлив дуел на „Род Лејвер Арена“.

Дуелот исто така беше директен спор околу првото место на светската ранг-листа. Досегашната лидерката и минатогодишната финалистка во Мелбурн Симона Халеп се раздели со првата позиција.