Оружен грабеж на спортска обложувалница во Гостивар

Непознат сторител ноќеска околу 15 минути по полноќ извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица „Панче Поповски“ во Гостивар.

Според МВР, сторителот со закана од пиштол од вработениот одзел 15.810 денари и побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.