Опозицијата во Србија бара ослободување на приведените во спротивно мирни протести

Претставниците на Сојузот за Србија (СС) денеска ги повикаа надлежните и српскиот претседател Александар Вучиќ да ги ослободи уапсените луѓе за немирите на протестите и најавија дека во спротивно ќе организираат мирни протести и дежурства пред Претседателството.

Тие најавија дека кампањата ќе продолжи под слоганот „За децата нема да ви простиме“, а еден од лидерите на СС, Драган Ѓилас, рече дека акцијата за упад во Радио Телевизија Србија не била планирана.

-Вучиќ има правни и уставни овластувања да донесе одлука за амнестијата за овие луѓе и да ги прекине постапките и да ги врати овие млади луѓе назад во нивното семејство и училиштето”, рече Ѓилас на прес-конференцијата.

Зоран Лутовац од СС рече дека ќе го чекаат законскиот рок за поднесување жалби за апсења, за да се интензивираат нивните постапки, но сепак тие не сакаат да објаснат на кој начин.

-Сакаме да видиме кои законски можности ги имаме, рече тој, додавајќи дека ова мора да се реши во следните 24 часа.