Опожарен возило на улицата „Виргино“

Патничко возило „голф“ ноќеска е опожарено на улицата „Виргино“ во Скопје.

Каkо што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Виргино“ опожарено било патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици сопственост на Р.А.

Пожарот бил изгаснат од страна на сопственикот. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.