Опожарени две возила во Аеродром

Две возила ноќеска биле опожарени на паркинг во скопската населба Аеродром.

Како што соопшти МВР, изутрината во 04:23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, З.Н. пријавил дека на паркинг на бул. „Јане Сандански“ забележал опожарено патничко возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Б. од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.