Детален неделен хороскоп

ОВЕН

Работа: Со ретроградниот Меркур во својот знак може да се соочите со нечии не толку чесни намери – некој ве следи будно, па затоа внимавајте како работите и не импровизирајте.
Љубов: Најважен дел во овој момент е имањето на доверба – доколку се сомневате во нешто, најдобро е да го разрешите проблемот без конфликти и да разговарате отворено со саканите.
Здравје: Освен што се соочувате со повремени главоболки и чувствителни очи, за сѐ друго е добро да побарате второ, па дури и трето мислење, особено ако се работи за сериозни потфати.

БИК

Работа: Се чини дека одбивате да успеете ако цената е лична деградација – прифатете ги работите какви што се, освен ако се неетички, а што треба да го пријавите кај претпоставените.
Љубов: Се чини како да се жртвувате многу на ова поле, затоа што мислите дека тоа е правилно. Сега ќе е добро да се прашате дали сакате да живеете правилно или среќно? Прифатете го ова.
Здравје: Освен поленските алергии, периодов упатува дека сте под стрес, но дел од него си го креирате самите вие – не мора и не можете да направите сѐ. Најдете време за себе, но и одмор.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Неочекуван пресврт кој ќе доведе до позитивна промена во животот – можеби луѓето околу вас се премногу нервозни, но најважно е да не го доживувате тоа лично.
Љубов: Ако сакате вашите врски да опстанат, мора да обратите внимание на комуникацијата – сега таа е од есенцијално значење – не се обидувајте да го менувате партнерот, туку себе си!
Здравје: Со ретроградното движење на вашиот владетел, Меркур, ќе биде добро да внимавате како возите, како се движите или работите во градината, бидејќи може да се повредите. Одмор.

РАК

Работа: Работите се развиваат прилично добро и ќе се соочите со прогрес за кратко време. Добро е да внимавате да не пропуштите некоја порака или ситуација со која би напредувале.
Љубов: Ова е период кога се чини како да не сте заинтересирани за емотивните потреби на вашите блиски – внимавајте прво на себе. Шанса за романса има, но колку сте спремни за тоа?
Здравје: Неделава ќе биде добро да поработите на својата самодоверба и љубов кон себе, бидејќи тие се добар индикатор за доброто здравје. Најдете време за размислување.

ЛАВ

Работа: Со ретроградните планети во Јарец ќе доживеете некакво одолговлекување или прекин на некој проект. Може да бидете оттргнати од работата која ја сакате, во име на друга.
Љубов: Ситни несогласувања и стрес во постоечките врски – погледнете подлабоко за што се работи, бидејќи кавгата за тостерот никогаш не е всушност за него – што лежи подлабоко во тоа?
Здравје: Ова не е време кога треба да се префорсирате со вежбање или нови диететски режими – да, треба да си посветите внимание на здравјето, но не може преку ноќ да полетате. Совети.

ДЕВИЦА

Работа: Иако работата се одвива добро, кај вас се јавува некакво незадоволство поврзано со големите барања од отпочнатите ангажмани. Најверојатно ви е потребен одмор.
Љубов: Доколку сте сами, ова е добар период да сретнете некој кој ќе ве бутне на земја. Оние од вас кои се во љубов се емотивно обременети од барањата на врската. Обрнете си внимание.
Здравје: Сега ќе биде добро да ја прекинете играта на хипохондрик, бидејќи ако продолжите така, навистина ќе си навлечете некоја болест. Бројте си ги благословите и хранете се добро.

ВАГА

Работа: Младата Месечина во Овен ќе отвори многу прашања на ова поле – сега е добро да сте трпеливи, да слушате добро што имаат другите да кажат и да останете смирени. Чекајте.
Љубов: Ова ќе биде силно емотивна недела на љубовното поле – работите може нагло да се распалат, но и да станат незгодни. Не се расправајте и избирајте со кого ќе се дружите и сакате.
Здравје: Сега е најдобро да ја слушате својата интуиција – барајте и второ мислење ако првото не го дава соодветниот одговор и мир. Можни болки во куковите. Не претерувајте со лекови.

СКОРПИЈА

Работа: Кога станува збор за работата, сега би можеле да се соочите со одолговлекувања – не се нервирајте, работете без форсирање, ова е фаза која ќе мине набргу.
Љубов: Имајте во предвид дека не е сѐ така црно – фокусирајте се на позитивното кое сѐ уште го има и не плачете за она што веќе минало. Потребно ви е време и простор – можеби само одмор.
Здравје: Ретроградниот Сатурн од Јарец ќе влијае врз вас со песимистичен тон – доколку не се справите со тоа што ви е сторено во минатото, ќе останете жртва на своите погрешни убедувања.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ретроградните планети во Јарец укажуваат на деструктивен договор кој може да доведе до професионален колапс. Неочекувани пораки, средби и партнерства. Бавна фаза.
Љубов: Ова поле индицира дека работите не се како што би сакале за да вашиот љубовен живот напредува според планираното – погледнете се прво себе и прашајте се колку сте отворени за сѐ
Здравје: Вашата кондиција се подобрува и полека заздравувате и ја враќате вашата физичка сила. Бавно, но сигурно. Работете на тоа да ја вратите својата самодоверба и сигурност. Одмор.

ЈАРЕЦ

Работа: Оваа недела ќе доживеете чувство на длабока исполнетост на ова поле – лојалност меѓу колегите и ангажман кој ќе ви одговара повеќе од очекуваното, а за брзо време.
Љубов: Венера од Бик ве поддржува во овој сектор и постоечките врски се продлабочуваат, стануваат позначителни и слатки, а ако сте сами, сигурно ќе налетате на некој атрактивен лик.
Здравје: Иако здравјето треба да е добро, сепак ќе обрнете внимание на работите кои што треба да се коригираат – она што треба да се заврши, не го оставајте за утре, туку делувајте сега.

ВОДОЛИЈА

Работа: Младата Месечина во Овен ќе се погрижи да дојдете во прв план, а ќе треба да вложите екстра напор и внимание кон деталите. Сега вашите напори ќе се исплатат. Договор.
Љубов: Ако сте во врска, сега сте во фаза или војна или мир – треба да си разјасните што точно сакате од романсата и постепено да го остварувате тоа. Бавно, но постојано ќе постигнете сѐ!
Здравје: Оваа недела е важно да заборавите на сѐ што ви е направено погрешно, особено кога станува збор за консултациите со хроничните болести. Немојте да се лутите, туку опростувајте.

РИБИ

Работа: Младата Месечина во Овен ќе ви донесе среќа за која што не се надевавте – нов договор, можности или реализација на заостанатите проекти. Ова е месец кога правите прогрес.
Љубов: Со Венера од Бик вашите врски се продлабочуваат и стануваат поинтимни – сега сте задоволни, исполнети, среќни, па дури и слатки. Ако пак сте сами, ова е одличен тајминг за забава.
Здравје: Ако до скоро бевте загрижени за здравјето, знајте дека сега тоа ќе се движи во нагорна линија – направените тестови и анализи ќе ви го потврдат тоа. Ослободете се малку и уживајте!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com