ОН: Кина може да стане светски лидер за патенти


Кина може за три години да ги истисне САД од позицијата- земја со најголeм број барања за регистрација на меѓународни патенти во светот, објавија ОН.

Минатата година во светот биле поднесени рекордни 243.500 барања за регистрација на меѓународни патенти што претставува зголемување од 4,5 отсто во однос на претходната година, се вели во годишниот извештај Светската организација на интелектуална сопственост (СОИС).

Тие патенти „ ја претставуваат најдобрата нова технологија во светот чии контури се наѕираат денес“, изјави во Женева шефот на СОИС, Франсис Гари.

САД, со поднесени вкупно 56.624 барања го задржаа водечкото место на листата земји на која се наоѓа веќе четири децении, објави СОИС.

Зголемувањето на бројот на глобално ниво го предводи Кина, која ја престигна Јапонија и го зазема второто место, напоменуваат од таа организација.