Оливер Драгојевиќ ја заврши хемотерапијата: Се чувствувам подобро од претходно

Познатиот музичар Оливер Драгојевиќ пред неколку месеци дозна дека боледува од рак на белите дробови и веднаш почна со лекување на лошата болест. Тој подлегна на неколку циклуси на хемотерапија. Во меѓувреме, јавноста будно ги следеше информациите од менаџерите за неговата здравствена состојба.

Првпат по хемотерапијата тој за хрватските медиуми изјави дека се чувствува добро.

– Добар сум, ви благодарам на прашањето. Се чувствувам подобро од претходно, се борам – изјави тој за 24сата.хр.

Според официјалните информации, туморот се намалил.

Драгојевиќ овој период го поминува со најблиските во семејството, а посебно обожава да се дружи со неговите внуци.
– Убаво ми е кога сум во близина на морето и со семејството – вели тој.

Пејачот имаше закажано и неколку настапи во Хрватска, но поради лекувањето тој ги откажа сите концертни датуми.