Ози Озборн ги откажа концертите, во болница е

Британската хеви-метал ѕвезда Ози Озборн мораше поради болест да ги откаже концертите во Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

Озборн (70), како што се наведува на неговиот фејсбук-профил, боледува од воспаление на белите дробови и поради тоа мора да ги откаже закажаните концерти.

Некогашниот пејач на групата „Блек сабат“ имаше закажан концерт во март во Мелбурн, по што требаше да настапува во Крисчрч на Нов Зеланд и Чиба во Јапонија, во рамки на турнејата „No More Tours 2“.

Неговата поранешна сопруга Шерил Озборн, од која се разведе во 2016 година, рече дека ќе му требаат околу шест недели да оздрави.

„Неодамна доби воспаление на белите дробови и мора некое време да помине во болница“, рече Шерил Озборн, пренесе „Дејли мејл“.

Ози на својот фејсбук-профил им се извинува на своите обожаватели поради откажаните концерти.

„Ветувам дека ќе ја завршиме турнејата. Концертите ќе ги поместиме за септември“, напиша Ози.