Озил во жесток вербален дуел со навивачите

Германскиот репрезентативец Месут Озил по поразот од Јужна Кореја и елиминацијата од Светското првенство, на одење кон соблекувалната имаше жестока кавга со навивачите.

Еден навивач го навредил Озил на што овој бурно реагирал, а во караницата предизвикана од раното испаѓање на „панцерите“ од Мундијалот, се вклучи и Бастијан Швајнштајгер.

Поголем инцидент спречи обезбедувањето на стадионот. По интервенцијата на службените лица, ситуацијата се смири и фудбалерите заминаа во соблекувалните.

Германците кои се уште се актуелни светски шампиони завршија на последното, четврто место во групата.