Од 56 контролирани возила за превоз во три општини, девет биле неисправни 

Од 56 контролирани возила за превоз во општините Велес, Кавадарци и Неготино, девет биле неисправни. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека вчера, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола на техничка исправност и оптовареност на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси и такси возила) на подрачјето на СВР Велес.

– Во Велес, од контролираните 36 возила, неисправни биле пет. Во Кавадарци, од контролираните 12 возила, неисправни биле четири. Во Неготино, сите осум контролирани возила биле исправни, појасни Додевски.