Од утре јавниот превоз по зимски возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје информираат дека од утре (1. септември) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по зимен возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.

Ажурираниот возен ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на интернет-страницата на ЈСП.