Од утре заладување, утринските температури околу нулата

Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени целзиусови, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето, информираат од УХМР, ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.