Од стан во Скопје украдени пиштол, 830 евра и златен накит

Непознат сторител насилно влегол во станот на Т.А.(50) од Скопје и одзел пиштол „ЦЗ“ калибар 7,62мм, 830 евра и разновиден златен накит.

МВР информира дека Т.А. пријавил во полиција дека кражбата се случила во периодот од 18 часот на 26 јануари до 10:45 часот на 28 јануари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.