Од полноќ ново поскапување на горивата

Од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат по два денари, соопшти Регулаторната Комисија за Енергетика.

Тоа значи дека еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе чинат 70.00, односно 71.50 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.