Од идниот месец зголемени плати за пет отсто за вработените во градинките

Од октомври годинава околу 4.200 вработени во претшколските установи ќе добијат плати зголемени за пет отсто.

За таа цел, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5 отсто на коефициентите кои се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година.

Со оваа мерка на Владата, која е дел од Информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година, усвоена на денешната 89. владина седница ќе бидат опфатени повеќе од 4.200 вработени во предшколското воспитување.