Од денеска онлајн продажба на налепница за патарина во Бугарија

Од денеска попладне, на сајтот bgtoll.bg може онлајн да се купи налепница за автомобили, која укажува на платена патарина во Бугарија (вињета), а информациите на интернет страницата се на осум јазици.

Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и со трансфер на средства од банка.

При купувањето на е-вињета, корисникот мора да одбере за колкав период му е потребна налепницата (викенд, неделна, тримесечна, годишна вињета), и да ја внесе регистарската табличка на возилото со кое ќе патува. Системот овозможува е-вињета да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето. По изборот на земјата во која е регистрирано возилото за кое се купува е-вињета, се несува регистарски број и периодот на важење на вињетата. Системот
автоматски го пресметува крајниот датум за валидност на вињета.

Вињетата нема потреба да се испечати, да се носи во автомобилот, ниту да се покажува на контролните органи. По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињета, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена.