Одобрени нови лекови за рак на дојка

Жени со претходно неизлечив рак на дојка добија нова надеж откако Националната здравствена служба одобри два нови лекови за употреба при медицинските третмани.

Станува збор за лековите наречени „palbociclib“ и „ribociclib“ за широко распространета употреба. Се покажало дека новите лекови го успоруваат напредниот рак за најмалку десет месеци. Исто така, може да ја одложи потребата за хемотерапија, со што им се дава можност на жените да живеат нормален живот подолго.

„Двата лекови дејствуваат на сличен начин и се сосема нова класа на третман за рак. Нивниот развој е еден од најважните откритија во последните две децении за жени со напреднат канцер на дојка“, соопштија од Институтот за истражување на ракот (ИЦР) во Лондон.

Двата лекови се даваат еднаш дневно.