Одмор во Турција: Калиопи полни батерии за концерти низ регионот

Калиопи полни батерии во Турција каде уживаше во приморската убавина на оваа земја. На Instagram, 51-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии од својата посета на Анталија и Аланија. На петти август ќе настапи во Никшиќ на популарниот Бедем Фест, а по пет години повторно ќе одржи голем солистички концерт во ,,Сава Центар’’ во Белград, Србија, на 23 ноември.

Нема најава за нејзин голем солистички концерт во Македонија во блиска иднина.Последниот, на кој ја наполни Метрополис Арена во Скопје се случи на денот на вљубените, 14 – ти февруари 2009 година. Најавениот солистички концерт во Скопје во 2013 годинаа беше одложен од здрав ствени причиниа, па до денес не се случи.

Во изминатите години беше застапена на разни општински манифестации, како отварање на Карпошево културно лето пред три години, лани настапи на ,,Златни денови 2017’’ во Кратово, пееше на партиски митинзи, на новогодишни прослави на плоштади, а голем концерт на отворено имаше пред осум години на плоштадот ,,Македонија’’ кога го промовираше албумот ,,Порака’’.

Калиопи е честа гостинка во соседна Србија и регионот. Пееше во Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла, Загреб, Сараево…(Л.С.)