Одлучи да го остави: Станаа родители, а тој два пати ја изневери

Странските медиуми пренесуваат дека ријалити ѕвездата Клои Кардашијан ја раскинала врската со таткото на своето дете, Тристан Томсон, откако дознала дека ја изневерувал со најдобрата другарка на нејзината сестра.
Неодамна во ноќно излегување се најдоа заедно Тристан и Џордан Вудс, инаку најдобра пријателка на Кајли Џенер, полусестрата на Клои Кардашијан.
Очевидци велат дека двојката разменувала нежности и бакнежи, а кога за ова дознала Клои не сакала повеќе да слуша оправдувања.
„Ѝ се смачи од се„, рече извор за TMZ.
Пред помалку од една година, кошаркарот ја изневери Клои пред самото породување, но некако успеаја да ја одржат врската досега. Но, ова ја прелеа чашата.
Клои и Тристан имаат десетмесечна ќерка Тру и заедно беа две и пол години.