Одложен натпреварот меѓу Скопје и Шкендија во ПМФЛ

Натпреварот од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Скопје и Шкендија, што требаше да се игра во четврток, е одложен.

Ова е втор меч од ова коло, што нема да се игра во предвидениот термин, откако утрово актуелниот шампион Вардар побара одложување на дербито против Пелистер.

Како причина за барањата за одложување и во двата случаи се наведуваат репрезентативни обврски на дел од нивните играчи.

Останатите три натпревари од 25. коло во ПМФЛ закажани за четврток (29 март) од 15 часот се:

Силекс – Победа, Работнички – Академија – Пандев и Ренова – Шкупи.